Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубиалес по серијата на видео-состаноци со УЕФА говорел за потенцијалниот крај на Ла Лига. Тој рекол дека првенството би требало да биде завршено на 30 јуни.
Шоансмото првенство е прекинато поради пандемијата со вирусот КОВИД-19. Во Ла Лига на 11 кола до крајот на сезоната се води жестока битка за титулата и за местата кои водат во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Барселона има два поени повеќе од Реал во борбата за титулата и според некои најави постои можност Каталонците да бидат прогласени за шампиони доколку сезоната биде и официјално прекината.
Рубиалес ги негира овие шпeкулации, тврди дека такво сценарио е невозможно.
„Nатпреварувањата мора да завршат до 30 јуни. Титулата мора да се освои на фудбалскиот терен. Нема да има никакви неправди. Сите гласавме за тие предлози. Сите претседатели на националните Сојузи го поддржаа нашиот предлог. Сите тимови очекуваат правично решение. Кога веќе е договорено натпреварувањата да се играат на еден начин тогаш ние не можеме да ги менуваме правилата. Поради тоа на УЕФА и го предложивме ова решение. Во некој момент Ла лига ќе продолжи. Доколку УЕФА бара да го одредиме шампионот и тимовите што ќе играат во европските купови ќе им кажеме дека тоа треба да го изборат на теренот. Сакаме Ла Лига да заврши“, рекол Рубиалес.
Шпанија е држава која се соочува со големи проблеми поради коронавирусот. Според бројот на заразени, 12.000, се наоѓа на четвртото место во светот