Top Sport

Тјери Анри против своите Французи во полуфиналето

Тјери Анри на 10 јули ќе биде во необична позиција – ќе работи за белгиската репрезентација како помошник на Роберто Мартинез, а ќе се судри со сопствената француска репрезентација.

Анри му е помошник на Мартинез и посебно работи со напаѓачите на белгиската репрезентација од 2016 година, откако претходно имаше блескава клупска и репрезентативна кариера – го освои СП во 1998 со „триколорите“, а во дресот на Франција имаше 123 настапи и 51 постигнат гол. Мартинез отворено зборува за тоа што носи Анри на Белгијците.

„Тјери ни носи во репрезентацијата нешто многу посебно. Тој е човек кој бил во ситуација да мора да развива менталитет на освојување нешто посебно за неговата земја. Тјери е многу важен во нашиот тим и се надевам дека неговото искуство помага на фудбалерите. Ние имаме одлични напаѓачи, а Тјери има посебен стил и ги учи на неверојатно основни работи“, изјави Мартинез.

Scroll to Top