Top Sport

Тјери Анри си даде отказ од Монтреал поради семејни причини

Тјери Анри се повлече од позицијата тренер на клубот од МЛС лигата, ЦФ Монтреал поради семејни причини, откако успеа да ги однесе во плејофот првпат по четири години, велејќи дека не сака да го напушти семејството и да се пресели во САД поради пандемијата на КОВИД-19.

43-годишната фудбалска легенда го презеде Монтреал во ноември 2019, но откако Монтреал оваа сезона се преселија во САД поради пандемијата, тој не сакаше да го остава семејството во Канада.

„Со тешко срце се решив на ваква одлука откако ни беше екстремно тешка 2020. Поради пандемијата не можев да ги гледам моите деца, а сега би требало да се преселам неколку месеци во САД. Тоа е премногу за мене и за моите деца. Затоа морам да се вратам во Лондон и да го напуштам Монтреал“, вели Анри.

Пред некоја недела англискиот второлигаш Бурнемаут јавно објави дека е заинтересирана да го донесе Анри како тренер, но во меѓувреме тие го поставија Џонатан Вудгејт како постојан тренер. Анри претходно работеше во Монако, каде што немаше голем успех.

Scroll to Top