Top Sport

Тоа е модерниот фудбал! Вулверхемптон следи 5.000 талентирани фудбалери!

Спортскиот директор на новиот англиски премиерлигаш Вулверхемптон, Кевин Тевел открива дека во потрага на талентирани фудбалери, се следат перформансите и игрите на неверојатни 5.000 фудбалери!

„Месечно добиваме извештаи за 5.000 фудбалери и тоа е голем процес. Не се работи да се надеваш дека имаш среќа, туку да забележиш талент и да знаеш дека од него можеш да извлечеш нешто и да стане вистински фудбалер. Процесот на барање на нов талент е навистина возбудлив. Веќе се прават одлуките за во јануари“, вели Тевел.

И покрај овој процес на барање на таленти, „волците“ во сите девет меча од Премиер лигата ги имаа истите стартни 11.

Scroll to Top