Top Sport

Нова агонија во црвено-црно – Аталанта го понижи Милан на „Сан Сиро“ (видео)

На Милан и на Џенаро Гатузо им нема спас. Една недела по дебаклот од 3:0 против Верона, „росонерите“ беа понижени и во ломбардиското дерби губејќи од Аталанта со 0:2 на „Сан Сиро“.

По поразот од Верона, тимот беше поставен на „казнена“ изолација, каде што се работеше на градењето на тимскиот дух и враќање на самодовербата, меѓутоа ниту тоа не беше доволно да се стигне до победа и Милан заглави на 11. место во Серија А со дури осум порази во 18 кола.

Аталанта дојде до водство по 32 минути игра, кога Брајан Кристанте ја искористи катастрофалната интервенција на Џиџио Донарума за да им донесе водство на гостите од Бергамо.

Само четири минути подоцна, Донарума, кој исто така беше под лупата на јавноста дозволи топката да му влезе меѓу нозе, но за „среќа“ на Милан, беше судено претходно. Јосип Иличич во 71. минута од мечот по еден брз контра-напад донесе водство од 0:2 за комплетирање на катастрофата на „росонерите“.

Scroll to Top