Top Sport

Тоа ретко се гледа – капитен му честита на тренер на противнички тим

Капитенот на Копенхаген, Гркот со португалско потекло Зека, по крајот на вчерашниот меч со Манчестер јунајтед, кој данскиот клуб го загуби во продолженија со 1:0 и беше елиминиран од Лига Европа, направи невообичаен потег, восхитувајќи му се на противничкиот тренер, Оле Гунар Солскјер.

Зека по крајот на мечот му пријде на Солскјер и му се заблагодари што го „препородил“ тимот на Манчестер јунајтед.

„Голема благодарноста за сè што правиш во Манчестер“, му кажа Зека на Солскјер.

„Се обидуваме да се вратиме. Тој помага, ова момче помага“, одговори Солскјер гестикулирајќи кон стрелецот на голот Бруно Фернандеш.

Пред мечот, 31-годишниот Зека призна дека израснал како навивач на клубот од Манчестер и дека е воодушевен од Бруно Фернандеш, кој отиде во Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари.

„Сонот секогаш ми беше да играме на ’Олд Трафорд’, така што штета што турнирот е во Германија“, изјави Зека.

Scroll to Top