Top Sport

Де Лихт го чека пауза од 2-3 месеци?

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт го чека повеќемесечна пауза по операцијата на рамото, пренесуваат медиумите на „Чизмата“.

Холанѓанецот соопшти дека летово мора да оди на операција поради проблемите кои ги има уште од ноември минатата година. Операцијата најверојатно ќе се изврши оваа недела, во Рим.

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека опоравувањето може да трае 2 до 3 месеци. Тоа значи дека одбранбениот фудбалер ќе го пропушти стартот на новата сезона кој е закажан за 19 септември.

Де Лихт дојде во Јуве од Ајакс минатото лето за 75 милиони евра. За „Старата дама“ одигра 39 меча и постигна 4 гола.

Scroll to Top