Саудиските жени првпат во историјата добија шанса да присуствуваат на фудбалски меч во Саудиска Арабија, како дел од реформите предводени од принцот Мохамед бин Салман.
Навивачките со шалови и знамиња беа на стадионот „Кинг Абдулах спортс сити“ во Џеда, за дуелот меѓу Ал-Ахли и Ал-Батин, иако влегоа преку посебен влез за жени и семејства.
„Ова покажува дека одиме кон просперитетна иднина. Горда сум што сум дел од оваа голема промена“, изјави 32-годишната Ламја Халед Насер од Џеда.
Саудиската влада минатата недела дозволи жените да бидат присутни и на вториот меч во сабота и трт следниот четврток. Другите фудбалски стадиони во Саудиска Арабија треба да биде подготвени за жени следната сезона.
Ал-Итихад, еден од најпопуларните фудбалски клубови во Саудиска Арабија треба да игра пред жени во сабота, и клубот преку Твитер се подготви за шоуто.
„Фановите на Итихад, мажи и жени, се главната поддршка на нашиот клуб и успехот не е целосен без нив на трибините. Со вас, сцената е комплетна“, напишаа од клубот.
Покрај пристапот до фудбалските натпревари, на жените првпат ќе им биде дозволено да возат автомобили од јуни 2018 година.