Новиот газда на Челси, Американецот Тод Бели е „заинтригиран“ од идејата да го донесе Кристијано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“ и веќе преговарал со неговиот агент, Жорге Мендеш, тврди англискиот „Атлетик“, откако Португалецот им соопшти на шефовите на Манчестер јунајтед дека сака „брз“ трансфер од клубот.
37-годишниот Роналдо бара „прифатлива“ понуда за Јунајтед поради загриженоста од слабата активност на „ѓаволите“ на преоднниот рок, а иако се веруваше дека Баерн Минхен и Рома се први фаворити за неговиот потпис, сега доаѓа можноста да остане во Премиерлигата. Јунајтед инсистираат дека тој не е на продажба.
Останува да се види како Роналдо би се вклопил во Челси, бидејќи менаџерот Томас Тухел преферира помлади и поподвижни напаѓачи кои можат да играат пресинг. Сепак, вербата е дека американските газди сакаат да направат „блокбастер“ трансфер ова лето, посебно по неславното заминување на Ромелу Лукаку во Интер.
Роналдо не се појави на стартот на тренинзите на Јунајтед денеска, откако клубот му дозволи да отсуствува поради „семејни причини“, но англиските медиуми додаваат дека Португалецот наскоро ќе се сретне со новиот менаџер Ерик Тен Хаг за да се разговара за иднината.
Chelsea are considering a move for Cristiano Ronaldo amid the forward informing #MUFC he wants to leave the club this summer if a suitable offer arrives, The Athletic understands.
More from @David_Ornstein pic.twitter.com/zxo91vcS2A
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) July 4, 2022