Top Sport

Тод Боли сака да го донесе Нејмар во Челси

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Тод Боли разговарал со челниците на Пари Сен Жермен за можниот трансфер на Нејмар во неговиот клуб, објавија англиските медиуми.

Претходно медиумите објавија дека ПСЖ се подготвува за заминување на Лионел Меси и Нејмар, поради лошите односи во соблекувалната.

Нејмар, во саботата, пред соиграчите наводно имал жестока расправија со спортскиот директор на клубот, Луис Кампос, по поразот од Монако.

Бразилскиот напаѓач е член на ПСЖ од 2017 година во кој се пресели од Барселона за рекордна отштета од 222 милиони евра.

Scroll to Top