Top Sport

Тодибо наместо во Милан, ќе заврши во Шалке

Жан-Клер Тодибо пристигнал во Диселдорф во неделата и наскоро ќе стане фудбалер на Шалке, тврди „Билд“, откако бундеслигашот склучил договор со Барселона за позајмица до крајот на сезоната.

Спортскиот директор на Шалке, Јохен Шнајдер за германскиот весник изјавил дека за комплетирање на договорот останува уште да се договорат за тоа дали во позајмицата ќе биде вклучена и опција за купување на крајот на сезоната.

Милан беа најзаинтересирани за услугите на Французинот, но „росонерите“ бараа опција да го откупат неговиот договор. Тодибо пристигна од Тулуз на „Ноу Камп“ во јануари 2019 година по долги преговори и „натегања“ околу неговиот договор.

Scroll to Top