Top Sport

„Тогаш да имаше ВАР ќе бев најдобриот тренер во светот“

Унаи Емери во својата тренерска биографија има две титули со Севилја во Лига Европа, трофеи со ПСЖ во Франција и неуспешен ангажман на клупата на Арсенал.

ПСЖ го ангажираа Емери со надеж дека со него ќе ја освојат Лигата на шампионите. Во првата сезона неговиот тим кај Барселона испушти предност од 4:0. Барса во спектакуларен меч славеше со 6:1.

Наредената сезона кобен по Емери и ПСЖ беше уште еден шпански великан, Реал Мадрид. Со вкупни 5:2 Реал го мина ПСЖ во осмина-финалето. На крајот од таа сезона Емери замина од Париз.

„Во Париз ја испуштив шансата да станам најдобриот тренер во светот. Го освоив првенството, четири домашни купови и два Лига купа. Сепак целта беше Лигата на шампионите“, изјавил за специјализираниот фудбалски портал „Гол“ Емери и дополнил.

„Првата година против Барселона одигравме многу квалитетно во првиот меч. Сепак во реваншот загубивме бидејќи тогаш ВАР не се користеше. Јасно е дека испаднавме поради судиските одлуки. Наредната година се сретнавме со Реал Мадрид. Сепак ќе кажам дека во првиот меч со Реал бевме жртви на судиските одлуки. Да резимирам првата година испаднавме поради судиите, втората од бранителот на титулата и идниот првак“.

Емери во 2018 година се пресели во Арсенал, но во Лондон се задржа помалку од 18 месеци, лани во декември поради лошите резултати доби отказ.

Scroll to Top