Top Sport

Русија без Швед, но со силен тим против Македонија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Русија Сергеј Базаревич нема да може да смета на сите играчи кои настапуваат во Евролигата за натпреварите против Италија и Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Русија оваа сезона има три тима во Евролигата: ЦСКА, Зенит и Химки. Неколкумина важни играчи за репрезентацијата играат во овие екипи. Клубовите за квалификациите ќе ослободат од обврските само дел од нив.

Овие натпревари ќе ги пропушти најдобриот руски играч Алексеј Швед. Покрај него Химки нема да го пуптат во репрезентацијата ниту плејмејкерот Вјачеслав Зајцев. ЦСКА ќе им дозволи да се појавата на репрезентативните подготовки на Андреј Воронцевич, Михаил Кулагин и Џоел Боломбој, додека нема да го пуштат крилниот центар Никита Курбанов.

Од Зенит потврдиле дека за репрезентацијата нема да игра плејмејкерот Дмитри Хвостов, додека „зелено светло“ од клубот добиле Андреј Зубков и Владислав Трушкин.

Русите на овој начин им дозволија на поголемиот дел на кошаркарите кои играат во Евролигата да настапат за националниот тим во перидот кога ЦСКА, Химки и Зенит ќе играат натпревари во Евролигата.

Русија на 20 февруари ќе гостува кај Италија во Неапол, додека три дена подоцна ќе ја пречека Македонија во Перм.

Во репрезентацијата на Русија за овие натпревари ќе бидат: Евгениј Бабурн, Максим Григориев, Денис, Захаров, Дмитри Кулагин, Михаил Кулагин. Григориј Мотовилов, Андреј Сопин, Виталиј Фридзон, Иван Стребков, Семјон Антонов, Никита Балашов, Евгениј Валиев, Андреј Воронцевич, Владислав Трушкин, Павел Антонов, Антон Астапкович, Џоел Боломбој, Артјом Забелин, Владимир Иљев и Артјом Клименко.

Scroll to Top