Top Sport

„Тој е најлошиот играч на Јунајтед во последните 50 години“

Хари Мегваер, заедно Давид Де Хеа е главниот виновник за елиминацијата на Манчестер јунајтед од Лига Европа. Синоќа на „Рамон Санчез Писхуан“, го победи Јунајтед со 3:0 и со вкупен резултат 5:2 се пласираше во полуфиналето.

Мегваер пред четири години стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Јунајтед за неговите услуги на Лестер им плати 87 милиони евра, во меѓувреме стана капитен на великанот од „Олд Трафорд“. Мегваер буквално и го подари на Севиља водечкиот гол во осмата минута.

Во опасната зона пред шеснаесетникот, Мегваер му ја врати топката на голманот Давид де Хеа, а потоа побара од Шпанецот да му ја врати.

Мегваер потоа беше опкружен со тројца противнички играчи, Ерик Ламела го блокираше неговото ново додавање до Де Хеа, топката се одби кон голот на Јунајтед каде Јусеф Ен Несири без проблеми ја смести во мрежата.

Мегваер оваа сезона не играше многу, најчесто им беше резерва на Варан и Мартинез. Овоие двајва дуелот во Севилја го пропуштија поради повреди.

Аматерскиот потег на Мегваер во реваншот е хит на социјалните мрежи, но истиот статус го доби и коментаторот на Арена спорт со реакцијата на неверојатниот кикс на најскапиот дефанзивец во историјата.

„Мегваер е најлошиот фудбалер на Манчестер јунајтед во последните 50 години! Тоа можеме слободно да го кажеме! Како да е аматерски фудбалер, а не капитен на еден од најголемите клубови!”

@valentino_team #manchesterunited #maguire #maguirethegoat ♬ original sound – Valentino_Team

Scroll to Top