Top Sport

„Тој и понатаму е класа, иако можностите му се скратени“

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ со договор е врзан за Реал Мадрид до крајот на сезоната, но шпанските медиуми се убедени дека клубот ќе му понуди продолжување на соработката која започна во 2012 година кога на „Бернабеу“ дојде од Тотенхем.

Угледниот „Сан“ пишува дека освен Модриќ, за 6 месеци истекуваат договорите на уште 3 големи фудбалски имиња – Пол Погба, Килијан Мбапе и Герет Бејл. Во петте најсилни европски лиги има 539 такви играчи.

„Сан“ во врска со Модриќ пишуваат:

„Тој и понатаму е класа, но неговите можности на теренот веќе не се како што му беа. Некогаш најдобриот светски играч и понатаму би бил добар улов, ако одлучи да ја продолжи кариерата“.

Модриќ во септември наполни 36 години, но и понатаму е неизоставен дел од тимот на Реал. За клубот од Мадрид досега одигра над 400 меча, постојано добива пофалби од тренерот Карло Анчелоти.

Scroll to Top