Top Sport

Том Поуп лани се потсмеваше со Стоунс, денеска му даде гол (видео)

Напаѓачот на Порт Вејл, Том Поуп минатата година се потсмеваше со квалитетите на дефанзивецот на Манчестер сити, Џон Стоунс и денеска го исполни ветувањето и му даде гол при 4:1 поразот на неговиот тим од англискиот шампион.

Реагирајќи на 3:1 поразот на Англија од Холандија во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА, ветеранот Поуп на Твитер изјави дека би сакал секоја недела да игра против „слабиот“ Стоунс.

„Само што ги гледав најдобрите моменти од мечот на Англија. Знам дека играм во четвртата лига, дека тој игра за Англија, дека заработува 150.000 фунти неделно, дека е милион пати подобар фудбалер од мене, но навистина би сакал да играм против Џон Стоунс секоја недела. Би постигнал 40 гола по сезона“, напиша тогаш Поуп.

Сега, тој во директен дуел со Стоунс успеа да го победи и со глава да постигне гол, иако неговиот тим загуби со високи 4:1.

Тука не беше крајот. Неколку часа по крајот на мечот, Поуп повторно се јави на Твитер со „поправка“ – велејќи дека не е фер да каже дека би дал 40 гола, туку дека бројката е поблиску до 50.

Scroll to Top