Top Sport

Алиоски пред мечот со Арсенал: Овој Манчестер јунајтед и ние би го победиле (видео)

Пред утрешниот меч од третото коло на ФА купот помеѓу Лидс јунајтед и Арсенал, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски изјави дека не е уверен во формата на „топчиите“ и покрај нивната 2:0 победа над Манчестер јунајтед, оценувајќи дека дури и тие сега лесно би ги победиле Јунајтед.

„Секако, го видовме резултатот против Манчестер јунајтед. Меѓутоа, овој Манчестер јунајтед од оваа сезона, дури и ние ќе ги победиме“, изјави Алиоски на прес-конференцијата пред мечот.

Тој вели дека враќањето на Лидс во Премиер лигата по 16-годишна пауза ќе го врати статусот на Лидс како еден од врвните клубови во Англија и посочи дека сите во клубот се согласуваат со фудбалската филозофија на тренерот Марсело Биелса.

„Да бевме во Премиер лигата ќе бевме еден од најголемите клубови во Англија. Единствената разлика со Арсенал е тоа што тие се во Премиер лигата, а ние во Чемпионшип. Ќе излеземе и ќе го играме фудбалот на Марсело Биелса, кој дозволи Лидс да сонува. Јас пристигнав пред две и пол години, и речиси целиот тим е идентичен, но со Биелса направивме многу повеќе“, додава Алиоски.

Scroll to Top