Top Sport

Томас Франк го презеде Тотенхем

Томас Франк официјално го презеде Тотенхем. На клупата го наследи Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го водеше тимот до трофејот во Лига Европа и место во Лигата на шампионите.

Катастрофалниот пласман во Премиер лигата (17-то место) пресуди Австралијанецот со грчко потекло, да добие отказ, а на негово место да дојде Данецот кој го водеше Брентфорд во претходните седум сезони.

Франк има 52 години, ги водеше јуниорските тимови на Данска, беше тренер на Брондби три години пред да се пресели во Англија.

Со Брентфорд, тој освои место во Премиер лигата во 2021 година, и успеа да го задржи клубот во првата лига четири сезони по ред.

Преселбата во Тотенхем е нов голем чекор во неговата кариера, а тој потпиша договор со клубот до 2028 година.

Тотенхем за тренерот на Брентфорд му плати обсштетување од 12 милиони евра.

Оваа сума го рангира Франк на петтото место на листата на највисоки надоместоци исплатени за фудбалски тренери.

Прв е Греам Потер, за кого Челзи му плати на Брајтон нешто повеќе од 25.000.000 евра во 2022 година. Истата сума ја плати Баерн за Јулијан Нагелсман од Лајпциг една година претходно.

Трет на оваа листа е некогашниот рекордер Андре Виљаш-Боаш со надомест од околу 15.000.000 евра, а повторно парите ги издвои Челзи, во 2011 година. И Баерн е два пати во топ 5, бидејќи минатото лето му плати на Барнли 12.000.000 евра за Винсент Компани.

Scroll to Top