Top Sport

Томас Милер е оптимист: Ако му дадеме на Сити два гола до 80.минута, сѐ е можно

Баерн Минхен и Манчестер Сити утре ќе го одиграат реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во првиот дуел Сити победи со 3:0 на „Етихад“ и е голем фаворит за пласман во полуфиналето.

Атмосферата во Баерн е лоша откако Садио Мане го удри Лирој Сане по поразот од Манчестер, но искусниот Томас Милер е оптимист и има план како неговиот тим да помине понатаму.

„Веруваме дека сè уште имаме шанси. Мораме да започнеме добро – можеби да водиме со 1:0 на полувремето. Не мора да направиме 3:0 по десет минути, но мора да постигнеме гол и да продолжиме да напаѓаме. Ако го постигнеме вториот гол до 80. минута, ќе имаме уште 15 минути. Верувам дека тоа е можно“, изјави искусниот Германец.

Сепак, букмејкерите му даваат само минимални шанси на германскиот шампион да ја анулира негативата од три гола против Манчестер Сити.

Scroll to Top