Top Sport

Томас Тухел позитивен на коронавирусот

Томас Тухел е позитивен на коронавирусот, објави неговиот клуб Челси, неколку часа пред дуелот со Плимут во ФА купот.

Германецот се чувствувал добро, немал никакви симптоми и се наоѓа во карантин.

Челси по натпреварот со Плимут ќе патува во Абу Даби, каде ќе учествува на Светското клупско првенство. Полу-финалето, европските шампиони, ќе го одиграат на 9.февруари.

Тухел ќе остане во Лондон. Доколку добие негативен тест можно е да му се приклучи на својот тим за евентуалното финале кое ќе се одигра на 12.февруари.

Scroll to Top