Top Sport

Томас Тухел се враќа на клупата на ПСЖ?

Германскиот стратег Томас Тухел би можел да се врати на клупата на Пари Сен Жермен и да го замени Кристоф Галтие, доколку тимот биде елиминиран од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. „Светците“ беа поразени со 0:1 во првиот осминафинален меч во Париз и ќе имаат тешка задача да направат пресврт во Минхен на реваншот.

Галтие беше доведен со намера ПСЖ конечно да го освои трофејот во Лигата на шампионите, но не му оди најдобро со тимот во последниот период. ПСЖ забележа три порази, веќе е елиминиран од Купот на Франција по поразот од Олимпик Марсеј, а има само пет бода прендост пред истиот ривал и во Лига 1.

Тухел беше на клупата на ПСЖ од 2018 до 2020 година, а доби отказ на 25. декември 2020 година. Потоа експресно се пресели во Челси и неколку месеци подоцна ја освои Лигата на шампионите.

Германецот наводно исто така има желба да се врати на клупата на ПСЖ, со оглед дека од клубот замина спортскиот директор Леонардо со кој не беше во добри односи.

Scroll to Top