Top Sport

Томе Пачовски објави крај на кариерата

Томе Пачовски (35) реши да стави крај на својата фудбалска кариера. Пачовски во два мандата (2008/2009 и од јануари 2015 до декември 2017) го бранеше голот на Вардар на 74 натпревари.

Пачовски во кариерата бранел во Пелистер, Јоникос, Железник, Брегалница Делчево, Работнички, Бершот, Мехелен.

За македонската репрезентација од 2006 до 2015 година настапил на 46 натпревари.

Откако објави дека става крај на кариерата, во интервју за официјалната страница на Вардар тој рекол во кариерата остварил сѐ она за што сонувал како дете.

„Искрено, мене не ми беше многу тешко. Затоа што сето она што го замислував како дете, го остварив. Бранев во квалитетни клубови и во репрезентација, нешто што може да го посака секој голман. Со сите останав искрен, со сите имам коректни односи и доколку продолжам во фудбалот, сметам дека секаде вратите ќе ми бидат отворени“.

Иако стави крај на кариерата, Пачовски ќе биде и понатаму присутен во фудбалот.

„Сакам да останам во фудбалот за моето искуство да го пренесам на помладите голмани. Затоа сум во процедура на добивање лиценца за да можам професионално да работам со голманите. Тука се гледам себеси и мислам дека ќе продолжам во фудбалот како тренер“, рекол Пачовски.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top