Фикајо Томори стави потпис на нов петгодишен договор со Милан, за да стави крај на сите шпекулации за можно враќање во Премиерлигата по интересот наа Манчестер јунајтед.
24-годишниот Англичанец пристигна на „Сан Сиро“ од Челси во јануари 2021 година, и веднаш стана клучен играч во тимот на Стефано Пиоли, како „командант“ на одбраната, и го освои скудетото во првата полна сезона со клубот.
Со новиот договор, тој ќе добие речиси двојно повеќе од 1.8 милиони евра по сезона колку што добиваше досега. Милан се обидуваат да ги продолжат договорите и на Сандро Тонали и Пјер Калулу, како и Рафаел Леао, оставајќи го „костурот“ на младиот шампионски тим.
Official Statement: @fikayotomori_ ➡ https://t.co/smpFtr44qd
Comunicato Ufficiale: Fikayo Tomori ➡ https://t.co/In6gXPgy40#SempreMilan pic.twitter.com/9JbwPup2DD
— AC Milan (@acmilan) August 12, 2022