Top Sport

Томори најверојатно останува со постојан договор во Милан

Според италијанските медиуми, Милан е блиску до договор со Челси за постојан трансфер на англискиот дефанзивец Фикајо Томори.

23-годишниот Томори пристигна на „Сан Сиро“ во јануари како позајмен фудбалер со опција за откуп на договорот за 28 милиони евра. Според „Скај спорт“, „росонерите“ ја активирале клаузулата за откуп на неговиот договор и се очекува да го официјализираат тоа оваа недела.

Томори одигра 17 меча во Серија А оваа сезона и постигна еден гол при 3:0 победата над Јувентус на гости. Милан покрај него веќе потпишаа договор со голманот Мајк Мањан од Лил како замена за Џанлуиџи Донарума.

Scroll to Top