Фудбалерот на Милан, Фикајо Томори, пред очите на Кристијано Роналдо, во неделата го урна рекордот на Португалецот.
Томори, кој како позајмен играч од Челзи го носи дресот на Милан, во неделата го постигна својот прв гол за тимот од „Сан Сиро“. Милан, во неделата, го декласира Јувентис среде Торино (3:0), со што играчите на Стефано Пиоло, направија голем чекор кон пласман во Лигата на шампиони.
Томори, постигна гол со глава, а Италијанците пресметале, дека на највисоката точка од скокот, кога ја упатил топката кон голот, бил на висина од 263 сантиметри.
Претходниот рекорд го држеше Роналдо, во декември 2019 година, против Сампдорија, на највисоката точка, бил на висина од 256 сантиметри.