Top Sport

УЕФА покрена истрага против Реал, Барселона и Јувентус

Европската фудбалска унија (УЕФА), денес објави дека, поради проектот европска Суперлига, покрената е истрага против фудбалските клубови Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

„„Во согласност со членот 31 од Дисциплинските правила на УЕФА, инспекторите за етика и дисциплина на УЕФА денес добија задача да спроведат дисциплинска истрага за можно кршење на законската рамка на УЕФА во врска со учеството на Реал, Барселона и Јувентус во т.н. проект Суперлига”.

Во УЕФА им се лути на овие клубови, бидејќи тие, за разлика од преостанатите девет, не се откажаа официјално од Суперлигата. Реал, Јувентус и Барселона се убдени дека Суперлигата е неизбежна реалност.

Медиумите потсетуваат дека ретки се случаите кога УЕФА, носела ослободителни пресуди, бидејќи за секоја покрената истрага Куќата на фудбалот има покритие.

Не е познато со какви казни се сочуваат Реал, Јувентус и Барселона. Се шпекулира дека е можна двегодишна суспензија од европските купови.

Scroll to Top