Сандро Тонали зборуваше за прогресот кој го направи неговиот Милан во последните сезони пред клучниот меч против РБ Салцбург во Лигата на шампионите во среда. „Росонерите“ се втори во групата Е по пет меча, три поени зад Челси на врвот и еден поен пред третопласираниот РБ Салцбург, така што треба само да избегнат пораз од австрискиот тим.
„Од претквалификациит во Лига Европа пред две сезони до овој момент, тоа е пат кој го изодевме и го заслуживме. Почнавме од дното и дојдовме дотука. Знаеме дека ова е важен момент во нашата сезона и дека сме пред остварување на првата цел оваа сезона. Нема страв, притисок е привилегијата да се биде таму. Му честитавме на тренерот Пиоли на обновувањето на договорот, но сега имаме работа пре нас. Не одиме на реми, туку само на победа“, вели Тонали.