Top Sport

Тонали на својот роденден е херојот на Милан – голема победа на „Бентегоди“

Сандро Тонали имаше совршена прослава на својот 22. роденден, постигнувајќи два гола за да ги предводи Милан до 3:1 победа на гости кај Верона, резултат кој ги остава „росонерите“ на два меча од својата прва титула во Италија по 15 години.

Тонали го отвори мечот на „Бентегоди“ со гол во 16. минута, но тој му беше поништен поради офсајд, за Верона да поведе во 38. минута преку Давиде Фараони. Сепак, Тонали во финишот на полувремето ја врати надежта на „росонерите“ со гол по асистенција на Рафаел Леао, за во 50. минута повторно да „проработи“ истата комбинација и Тонали да го комплетира пресвртот, пред Алесандро Флоренци неколку минути по влегувањето во игра во 87. минута стави печат на победата.

Со победата, на две кола до крајот, Милан останува лидер со 80 поени, два повеќе од градскиот ривал и актуелен шампион Интер, додека Наполи и теоретски испаѓа од борбата за титулата на третото место со 73 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top