Италијанскиот талент Сандро Тонали и официјално стана нов фудбалер на Милан откако ги комплетираше медицинските тестови и потпиша петгодишен договор со „росонерите“.
20-годишниот фудбалер од средниот ред доаѓа од Бреша, првично на позајмица од 10 милиони евра, со опција за купување за уште 10 милиони евра, а дополнително има уште 15 милиони евра во бонуси и 10 отсто од секоја идна продажба.
Тонали беше блиску до потпис со Интер за истите услови, но откако дојде понудата од Милан, тој реши да ја прифати бидејќи е голем навивач на „росонерите“. Италијанските медиуми објавија дека тој лично му се јавил на сегашниот тренер на Наполи, а легенда на Милан, Џенаро Гатузо за да го замоли да го добие дресот со број 8.
Official Statement: Sandro Tonali ➡ https://t.co/50gJEvQsx3
Comunicato Ufficiale: Sandro Tonali ➡ https://t.co/03KxYrjdMD
#ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/rYUdytW8X7— AC Milan (@acmilan) September 9, 2020