Top Sport

Тони Адамс ќе стане претседател на англиската рагби лига?!

Тони Адамс, поранешниот капитен на Арсенал, се најде на чудна листа – тој е кандидат за претседател на Рагби лигата, иако во текот на целата своја кариера работеше во фудбалот.

Адамс се обиде да биде фудбалски тренер, но во јуни 2017 година доби отказ од шпанската Гранада, и сега е еден од главните кандидати да стане 29. претседател на Рагби лигата.

„Поранешниот капитен на Арсенал и Англија се поврза со рагбито преку неговата добротворна организација ’Спортска шанса’ од 2000, и следното лето ќе го замени сегашниот претседател Енди Барнам. Тони е почитуван во светот на фудбалот, не само за својата кариера како фудбалер, туку и по неговито карактер“, изјави претседателот на РФЛ, Брајан Барвик.

Scroll to Top