Top Sport

Емери: Повредата на Озил не е од видео-игри!

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери ги демантираше шпекулациите дека Месут Озил ја влошил повредата на грбот поради многучасовно играње на видео-игри (поточно „Фортнајт“).

Озил ќе се врати во составот на Емери в четврток во неважниот меч од Лига Европа против Карабаг од Азербејџан, прв меч по подолгата пауза која според многумина беше влошена поради неговото деноноќно играње „Фортнајт“ – статистиката вели дека тој одиграл околу 104.420 минути на видео-играта, или вкупно 72 дена (просек по 5 часа секој ден една година).

Емери беше запрашан дали повредата е влошена од видео-играта и одговори со насмевка.

„Не знам, но не верувам. Утре тој е во составот, во 18-те фудбалери за мечот. Ќе видиме дали ќе игра од старт или во текот на мечот“, вели Емери.

Повредата на грбот на Озил доаѓа од играњето „Фортнајт“?

Scroll to Top