Top Sport

Тони Крос незадоволен од домашниот дрес на Реал: Вистинско ср.ње!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос го опиша домашниот дрес на Реал Мадрид како „ср.ње“, инсистирајќи дека „поло-маичка не е фудбалски дрес“.

Германецот смета дека дресот на „Адидас“ е неудобен и изгледа на поло-маичка. Дресот беше произведен во чест на 120-годишнината на клубот и има „класичен“ дизајн со копчиња на јаката, што беше популарно кај навивачите, но не и кај Крос.

„Оваа сезона имаме јака. Поло-маичка не е фудбалски дрес. Ова е насочено кој сите производители: Ова е ср.ње! Маички со јаки не се добри, не се удобни за играње и воопшто не се пријатни. Потоа имаш и две копчиња горе. Уште малку па ќе играме со кошули. Воопшто не е добро“, вели Крос на сопствениот подкаст.

Scroll to Top