Top Sport

Тони Крос првпат во долгата кариера доби црвен картон!

И тоа е достигнување – на 32 години да го добиете првиот црвен картон во кариерата. Тоа му се случи на германскиот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид, ветеранот Тони Крос при лошото 1:1 реми против Џирона на „Сантијаго Бернабеу“.

Крос, кој имаше добар меч и имаше најмногу комплетирани додавања на мечот, направи фаул за да спречи напад на Џирона во 90. минута, по што го доби вториот жолт картон на мечот и му беше покажан патот кон соблекувалната.

Scroll to Top