Top Sport

ТОП 10 најскапи „ретро“ дресови (галерија)

Фудбалските фанови во поодмината возраст можеби во своите шкафови имаат мало богатство во вид на стар дрес на нивниот омилен дрес, посебно ако е совршено сочуван. Во соработка со веб-сајтот „Classic Football Shirts“, британскиот „Сан“ направи топ 10 листа на највредни дресови.

10.Јувентус 1997/98, 300 евра

Италијанскиот гигант го носеше овој дрес кога ја освоија титулата со пет поени предност пред Интер, со тим во кој беа Алесандро дел Пјеро, Филипо Инзаги и Зинедин Зидан. Вредноста доаѓа бидејќи ова е дрес за одбележување на стогодишнината на тимот.

9.Борусија Дортмунд 1996/97, 300 евра

Со иста цена како розовиот дрес на Јувентус, ова е дресот со кој Борусија Дортмунд ја освои Лигата на шампионите. Модел на „Најк“, тој е препознатлив по лентите на ракавите и црната јака.

8.Ливерпул 1989/91, 350 евра

Ретро дресот на Ливерпул беше тој со кој „црвените“ ја освоија последната лигашка титула во 1989/90. Поради својата историја популарниот „Кенди“ дрес е еден од најпопуларните на Интернет.

7.Челси 1986/87, 350 евра

Тогашниот претседател на Челси, Кен Бејтс реши клубот да си произведе сопствен дизајн, и резултатот е класика. В-отвор на вратот и мал грб на Челси напред. Високата цена која ја постигнува е резултат на слабата изработка на материјалот.

6.Интер 1997/98, 380 евра

Фантастичниот дизајн на „Умбро“ на „нераѕурите“ е дрес кој го носеше бразилскиот „ил феномено“ Роналдо, а Интер доминираше во лигата.

Моделот со ленти беше носен само во европските натпреварувања, а Интер следната година ќе има копија на овој дрес како трет дрес на клубот.

5.Арсенал 1991/93, 380 евра

Впечатливиот „банана-дизајн“ беше критикуван кога се појави во 1991 година, но годините го направија своето и сега се работи за еден од најпопуларните дресови на „топчиите“. Легендата на Арсенал, Ли Диксон наводно толку го сака дресот, што одби да го продаде за илјада фунти на еден страствен навивач.

4.Милан, 1999/00, 400 евра

„Класичниот“ дрес на Милан беше носен во сезона во која тие не успеаја да ја одбранат титулата и завршија само како трети на табелата.

3.Манчестер јунајтед 1986/88, 450 евра

Ова е само трет дрес на Јунајтед од средината на 1980-тите, но е познат по тоа што беше носен во првата сезона на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“. Ваков дрес носеа Јунајтед кога успеаја да стигнат до 1:0 победа над тогаш доминантниот Ливерпул на „Енфилд“ во 1987 година.

2.Наполи 1990/91, 500 евра

Дресот на Наполи со „Марс“ напред можеби не е најдобродизајнираниот дрес на оваа листа, но емотивната вредност е непроценлива – со овој дрес и со Диего Марадона во тимот, ова беше последен дрес на кој го имаше штитот за освоеното скудето претходната сезона.

1.Барселона 1991/92, 600 евра

Најскапиот дрес на листата е овој неубедливо портокалов дрес, кој исто така носи незаборавни спомени за фановите на Барселона.

Со овој дрес, Барселона ја освои својата прва европска титула во 1992 година во финалето против Сампдорија, а дресот го носеа имиња како Роналд Куман, Еузебио и Пеп Гвардиола.

Scroll to Top