Фудбалскиот институт „CIES“ кој статистички ја анализира вредноста на фудбалерите се појави листа на десетте најскапи играчи родени во овој век. Вредноста на првите десет е преку милијарда евра.
Највреден играч е дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис кој за помалку од една година ја воодушеви фудбалската публика во светот. Поседува неверојатна агилност и брзина, а подеднакво добро се снаоѓа и на позиција бек, но и како крило. Тој е проценет на 180 милиони евра.
Борусија Дортмунд е еден од двата клуба кои се на оваа листа со по 2 фудбалери во Топ 10. На второто место е Џејдон Санчо проценет на 125.6 милиони евра, а четврти на листата е неговиот клупски колега, Ерлинг Халанд кој вреди 120,3 милиони евра.
Меѓу нив, на третата позиција се најде Ансу Фати од Барселона кој е најмлад во ова друштво (роден 2002 година), а неговата вредност се проценува на 122,7 милиони евра.
Следуваат од петтата до седмата позиција тројца играчи кои настапуваат во Премиерлигата. Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед, Феран Торез од Манчестер Сити и Бакајо Сака од Арсенал.
Осмата позиција на листата е Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски од Јувентус кој е проценет на 75 милиони евра.
Последните две позиции на листата се за Фил Фоден (Манчестер Сити) и Родриго од Реал Мадрид.