Последниот ден од преодниот рок немаше спектакуларни трансфери, иако тие беа најавувани. Највозбудливо беше на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед потпишаа со Единсон кавани и Алекс Телеш, а во Премиер лигата последниот трансфер го реализира Арсенал. „Топџиите“ ја активираа откупната клаузулата и го донесоа Томас Парти од Атлетико Мадрид.
Најголеми лузери во преодниот рок се Барселона. Каталонците не успеаја да го убедат Усман Дембеле да го напушти клубот, поради што им пропадна трансферот на Мемфис Депај од Лион,а не успеаја да го донесат ниту Ерик Гарсија од Манчестер сити. Лошо преодниот рок заврши и за Атлетико Мадрид бидејќи останаа без Парти, а немаа време да донесат соодветна замена за него. Атлетико на позајмица вчра од Арсенал го донесоа Лукас Тореира.
Топ 10 трансфери во Европа:
1. Каи Хаверц (Баер Леверкузен-Челси) 80 милиони евра
2. Артур (Барселона-Јувентус) 72
3. Виктор Осимхен (Лил-Наполи) 70
4. Рубен Дијаз (Бенфика0Манчестер сити) 68
5. Миралем Пјаниќ (Јувентус-Барселона) 60
6. Алваро Мората (Атлетико Мадрид-Јувентус) 56
7.Тимо Вернер (Лајпциг-Челси) 53
8. Бен Чилвел (Летсер-Челси) 50
9. Мауро Икарди (Интер-ПСЃ) 50
10. Томас Парти (Атлетико Мадрид-Арсенал) 50