Top Sport

„Топката од Болт се одбива како од трамбулина“

Енди Кио, фудбалер на Перт Глори, рекол дека Јусеин Болт нема да успеа како фудбалер. Болт неколку месеци беше на проба во Централ коуст маринерс, дури клубот му понуди и да потпише нов договор, а откако поранешниот атлетичар побарал многу повеќе пари, челниците решија да го отстранат од екипата.

„Покажа некаков потенцијал, но неговиот ангажман ги деградира останатите професионалци што играат во лигата. Ноговиот ангажман е добра реклама, но е смешен од фудбалска перспектива. Од Болт топката се одбива како од трамбулина“, рекол Кио.

Доколку некој мисли дека тоа што Болт е во тимот е добра фудбалска одлука, тогаш таа особа не би смеела да дојде во позиција да носи такви одлуки“, завршил Кио.

Scroll to Top