Top Sport


Топката со кој беше постигнат голот со „божјата рака“ на Марадона на аукција за 2.5 милиони фунти

Топката „Божјата рака“, со која Диего Марадона ги постигна своите два најславни голови во кариерата ќе биде поставена на аукција во Велика Бритнија на 16 ноември и се очекува да биде продадена за сума од 2.5 до 3 милиони фунти.

Се работи за фудбалската топка од четврт-финалето на Мундијалот во Мексико во 1986 година, во кој Аргентина со 2:1 ја совлада Англија со два гола на Марадона – еден неверојатен слалом низ одбраната на Англичаните, и поконтроверзниот момент кога Марадона со рака го совлада голманот Питер Шилтон. По мечот, Марадона изјави дека голот е постигнат „малку со главата на Марадона и малку со божјата рака“.

Топката е во сопственост на судијата од Тунис, Али Бин Насер, кој беше главен судија на мечот.

„Оваа топка е дел од интернационалната фудбалска историја, и мислам дека е вистинско време да ја споделам со светот. За првиот гол на Марадона, не можев да видам добро, но на крајот на мечот англискиот селектор Боби Робсон ми кажа дека добро ја завршив работата, но дека линискиот судија згреши“, вели Бин Насер.

Оваа година, дресот кој го носеше Марадона тој ден беше продаден за 9.3 милиони долари.


Тајсон обвинет за сексуален напад во 1980-тите, тој тврди дека бил во врска со жената

Лори Грајнкер, 65-годишната фотограферка во својата нова книга „Мајк Тајсон“ со фотографии од славниот американски боксер, тврди дека била предмет на сексуален напад од боксерот, но тој го отфрла тоа и објаснува дека бил во врска со неа додека бил малолетен.

„Мајк можеше да биде многу сладок и нежен кога се чувствуваше така, но не и толку пријател кога не беше. Еднаш се обиде да ме фати за гради, кога го одбив, тој се налути и ми ја фрли опремата во снег. Беше малку разгален и како шампион, навикнат работите да одат по негово“, пишува во книгата Грајнкер.

Таа подоцна во изјава за „Дејли мејл“ го опиша Тајсон ако „незрел тинејџер“ во тоа време и посочи дека никогаш не се обидел да го направи тоа. 56-годишниот Тајсон се јави со соопштение.

„Во ова ново време, несреќно е што Грајнкер не беше повнимателна со своите зборови, и заборави да го спомене фактот дека бил во сексуална врска со Мајк Тајсон, кога тој беше малолетен со разлика во годините поголем од една деценија“, се вели во објавата на Тајсон.

Scroll to Top