Top Sport

Топката со кој беше постигнат голот со „божјата рака“ на Марадона на аукција за 2.5 милиони фунти

Топката „Божјата рака“, со која Диего Марадона ги постигна своите два најславни голови во кариерата ќе биде поставена на аукција во Велика Бритнија на 16 ноември и се очекува да биде продадена за сума од 2.5 до 3 милиони фунти.

Се работи за фудбалската топка од четврт-финалето на Мундијалот во Мексико во 1986 година, во кој Аргентина со 2:1 ја совлада Англија со два гола на Марадона – еден неверојатен слалом низ одбраната на Англичаните, и поконтроверзниот момент кога Марадона со рака го совлада голманот Питер Шилтон. По мечот, Марадона изјави дека голот е постигнат „малку со главата на Марадона и малку со божјата рака“.

Топката е во сопственост на судијата од Тунис, Али Бин Насер, кој беше главен судија на мечот.

„Оваа топка е дел од интернационалната фудбалска историја, и мислам дека е вистинско време да ја споделам со светот. За првиот гол на Марадона, не можев да видам добро, но на крајот на мечот англискиот селектор Боби Робсон ми кажа дека добро ја завршив работата, но дека линискиот судија згреши“, вели Бин Насер.

Оваа година, дресот кој го носеше Марадона тој ден беше продаден за 9.3 милиони долари.

Scroll to Top