Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот “Ренцо Барбера” во Палермо. Фудбалерите се максимално мотивирани да го одиграат најдобриот меч и да се обидат да стигнат до сензација.
Треба да уживаат во секој момент од дуелот и да веруваат во сензација. Во европскиот фудбал веќе нема апсолутни фаворити, а Македонија, како што призна и Роберто Манчини, веќе не е селекција за потценување.