Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Португалија во решавачкиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар. Португалските ѕвезди успеаја да ги искористат грешките на македонските репрезентативци и ги материјализираа преку двојниот стрелец Бруно Фернандеш.
Селекторот Благоја Милевски истакнува дека е горд на изданијата на фудбалската селекција на Македонија на двата натпревари, во Палермо и во Порто.
„Сакам да им честитам на Португалците за победата и за пласманот на Светското првенство. Го загубивме ова финале, тоа никако не може да ме радувам, но од друга страна задоволен сум од изданијата што ги прикажаа фудбалерите на овие два натпревари, против Италија и против Португалија. бевме навистина истрошени и физички и психички, но репрезентативците покажаа дека во себе носат голем потенцијал и се на добар пат да се приближат до најдобрите во Европа. Ова е доказ дека се уште не сме во елитата, мора да продолжиме напорно да работиме. Жалам што примивме голови во периоди коа бевме навистина добри на теренот. Не бевме инфериорни, а сакав што е можно повеќе да ги оддалечиме Португалците од нашиот гол. Грешките се составен дел од играта, но и после тие грешки ние не паднавме. Мислам дека бевме достоен ривал“, изјави Благоја Милевски на прес – конференцијата по натпреварот.