Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, признава дека Португалија беше подобра селекција на вечерашниот меч и заслужено ќе патува на мундијалот во Катар.
„Португалија беше подобра и честитки за триумфот. Беше отворен натпревар, но Португалија доминираше. Мораме да заминеме одовде со кренати глави. Никој не веруваше во едно вакво убаво доживување за Македонија. Горд сум на оваа група момци и на мојата земја, бидејќи го изненадивме светот на фудбалот. Примивме гол кога се отворивме малку повеќе, но кога играш против вакви големи селекции и ќе грешиш, тогаш страдаш. Имаат играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо кои ретко простуваат“, истакна Стефан Ристовски.
Тој сега ќе навива за Португалија на мундијалот.
„Да, ќе навивам за Португалија, бидејќи се чувствувам малку Португалец. Мојот син е роден овде. Ќе бидам среќен ако Португалија го освои Светското првенство“, изјави капитенот на македонскиот национален тим.