Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија ја загуби финалната пресметка на „Драгао“ од Португалците и не успеа да го исполни сонот за пласман на Светското првенство. Португалија беше подобра, а пресуди двојниот стрелец Бруно Фернандеш.
Херојот од Палермо, Александар Трајковски, вели дека сите наши фудбалери го дадоа максимумот во обидот да остварат нешто големо.
„Бевме блиску до нешто големо, сакавме да победиме, дадовме се од себе, но тоа не беше доволно. Ние сме сигурни дека сме одлична група, тим која се бори за единствена цел. Чекор по чекор ќе станеме уште посилни од порано, секогаш трудејќи се да бидеме подоби. Горди на овој тим! Напред, Македонија засекогаш!“, истакна Трајковски.