Top Sport

Тореира ќе се врати во Италија?

Арсенал се подготвени да го дадат Лукас Тореира на позајмица на некој италијански клуб, со Торино како прв фаворит, но и со Фиорентина во „игра“.

Уругваецот поголем дел од својата кариера помина во Италија со Пескара и Сампдорија, пред во 2018 година да се пресели во Арсенал за 28 милиони евра. Досега се веруваше дека „топчиите“ не се заинтересирани за позајмица, туку само за постојан трансфер откако не успеа да се избори за место во првиот тим под Микел Артета.

Според „Гардијан“, Торино остануваат  фаворити за трансферот, посебно бидејќи Тореира најдобрите сезони во кариерата ги имаше под Марко Џампаоло во Сампдорија.

Scroll to Top