Top Sport

Пирло доби лиценца и беше изгласан за најсекси тренер во Серија А

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло уште нема официјален меч во Серија А, но веќе доби награда – за најсекси тренер во италијанската лига пред Еузебио ди Франческо од Каљари и Пипо Инзаги од Беневенто.

Во гласањето на сајтот за интимни состаноци „Joyclub“, првото место на 41-годишниот Пирло не изненадува, откако и додека беше фудбалер беше познат по својот стил, и затоа доби дури 23 отсто од гласовите на дамите.

Ди Франческо освои 15 отсто од гласовите, додека Инзаги доби 14 отсто. Малку изненадувачки, Џенаро Гатузо е четврт со 10.17 отсто, пред Пауло Фонсека од Рома со 7.2 отсто. Помалку изненадува само шестото место на тренерот на Интер, Антонио Конте, по што следува братот на Инзаги, Сиомеоне, а анкетата завршува со Стефано Пиоли од Милан на осмото место.

Интересно, покрај оваа титула, денеска Пирло ги положи УЕФА Про испитите, за да и официјално да ја добие тренерската лиценца на само шест дена пред првиот меч од Серија А против Сампдорија.

Scroll to Top