Top Sport

Торес го напушта Атлетико

Фернандо Торес решил во јануари да го напушти Атлетико Мадрид, а според шпанските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во САД или Кина.

Клупската легенда сезонава за Атлетико настапи на десет натпревари, на теренот мина 332 минути и не успеа да постигне гол. Малата минутажа ја забрзала неговата одлука да го напушти Атлетико.

Врз оваа одлука влијае и фактот дека од јануари право за настап ќе стекне и Диего Коста, што дополнително ќе ја намали и така малата минутажа која ја има 33-годишниот напаѓач.

Торес кариерата ја почна во Атлетико во 2001 година, во клубот беше до 2007, а повторно се врати во 2017. Тој во кариерата настапувал и во Ливерпул, Челси и Милан. За Атлетико има постигнато 119 голови.

Scroll to Top