Алексис Санчез, синоќа, во последната минута го спаси Интер од пораз на гостувањето кај Торино. Интер, со натпревар помалку сега е четири чекори зад градскиот ривал Милан. Пред тимот на Симоне Инзаги е и Наполи.
Торино имаа предност од 12.минута, кога Бремер го совлада Хандановиќ. Интер го спаси од пораз Алексис Санчез, меѓутоа од италијанската јавност е разочарана од судењето на Марко Гвида на теренот и Давиде Маса во ВАР собата.
Укажуваат на моментот од 38.минута, кога Андреа Ранокија го фаулираше имењакот Белоти. Гвида не покажа на белата точка, во текот на играта, а остана при својата одлука и откако ја прегледа снимката.
„Не можам ова да го разберам, нема логично објаснување зошто не беше досуден пенал за нас. Ова ќе мора некој да ни го објасни. Судеа против нас и на натпреварите со Болоња и Венеција. Пенал имаше, доколку дојдевме до 2:0 се ќе беше поинаку“, рекол тренерот на Торино, Иван Јуриќ.
„Газета дело Спорт“ грешката на Гвида ја нарече катастрофална и побара суспензија за главниот судија и судијата во ВАР собата.
„Тутоспорт“, му даде нула на Гвида за арбитражата со наслов „Скандал во Торино“.
Qui per ricordarvi che solo due persone in tutta Italia hanno detto che Ranocchia ha preso anche il pallone:
Una è Arlotta (che ha pure cancellato)
L’altra è Luca Marellipic.twitter.com/VLxR8sbaa0
— Mattellone (@Idonotcombdolls) March 13, 2022