Top Sport

Торино, конечно, победи, и тоа на гости кај Џенова

Торино, конечно, ја прослави својата прва победа во Серија А, победувајќи со 2:1 на гости на „Мараси“ кај Џенова во презакажан меч од третото коло во Италија.

Тогаш, мечот беше одложен поради тоа што Џенова имаше 17 фудбалери позитивни на КОВИД-19.  „Биковите“ поведоа со голот на Саша Лукиќ, кој доби неочекувана топка од Едоардо Голданига, пред да го удвојат водството преку Белоти кој помогна Лука Пелегрини да си постигне автогол. Скамака во 90-тата минута постигна утешителен гол за Грифоне, за кои Горан Пандев одигра едно полувреме.

Scroll to Top