Top Sport

Торино остана без Белоти најмалку два месеци

Торино ќе останат без својот најдобар фудбалер, Андреа Белоти барем два месеци, откако тој доби посериозна повреда на бутниот мускул при поразот од Рома во текот на викендот.

Според „Скај спорт Италија“, Белоти, кој само што се врати од подолга пауза по повредата на скочниот зглоб, го скинал десниот бицепс во бутот и ќе паузира најмалку до јануари, што значи дека најверојатно нема да биде достапен на Роберто Манчини за баражот за пласман на СП против Македонија во март.

Scroll to Top