Откако претходно беа откажани мечевите Аталанта-Сасуоло, Верона-Каљари и Интер-Сампдорија, новите случаи со корона вирусот во Пиемонт значеа и откажување на мечот Торино-Парма, потврдија од италијанската Серија А.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте ги суспендираше сите спортски натпревари во регионите Венето и Ломбардија, што значеше откажување на 40 меча во Серија Б и во пониските лиги.
Во исто време, реваншот на Интер против бугарскиот Лудогорец во Лига Европа во четврток, исто така може да биде одложен или да се одигра пред празни трибини, јавува „Ла газета дело спорт“.
Италијанскиот премиер откажа три меча од Серија А поради корона вирусот!